text
stringlengths
4
24.5k
Претпоставувам, дека е резултат на глобализацијата тоа што ќе најдете Кока Кола лименки на врвот на Еверест и будистички свештеник во Монтереј. Пред два дена, на ваша љубезна покана, дојдов од Хималаите. И јас исто така, барем за кратко, сакам да ве поканам на Хималаите И да ви го покажам местото каде што медитантите...
"Осетив погреб во мојот мозок, а ожалостените напред-назад маршираат ли маршираат - сѐ додека не се појави она чувство. А кога сите седнаа, обред, како тапан непрестано бие, биеше додека умот ми отрпнуваше. Потоа слушнав како го креваат ковчегот и ми ја изгребаа душата, уште еднаш, со истите оние оловни чизми, и тогаш...
На секои четворица луѓе, еден страда од некаква ментална болест, па така еден, два, три, четири, вие сте, господине. Вие. Да. Со чудните заби. И вие до него. Вие си се знаете кои сте. Всушност, на целиот ред му фали нешто. Тоа не е добро. Здраво. Да. Многу лошо. Мене не ме ни гледајте. Јас сум едната од четворицат...
Еден од највообичаените начини за поделба на светот е на тие кои веруваат, и тие кои не веруваат, на религиозни и атеисти. Во последната деценија, стана доста јасно што значи да се биде атеист. Постојат некои доста истакнати атеисти кои посочија дека не само што религијата е погрешна, туку дека е и смешна. Овие луѓе, ...
Пред десет години, Ја имав првата изложба овде. Не знаев дали ќе фунционира или дали е воопшто можно, но со мали чекори и многу брзо учење, Ја направив мојата прва скулптура наречена "The Lost Correspondent." Здружувајќи се со морски биолог и со локалниот центар за нуркање, Го потопив делото крај брегот на Гранада, Во...
Знаете, постои една мала држава сместена во Хималаите, далеку од овие прекрасни планини овде, каде што луѓето од тоа кралство наречено Бутан одлучиле да направат нешто различно, а тоа е да ја мерат бруто домашната среќа наместо бруто домашниот производ. А зошто да не? Најпосле, среќата не е привилегија за неколку одбр...
„Луѓето прават глупави работи. Заради тоа ХИВ вирусот се шити низ светот.“ Ова, не многу одамна, беше наслов во британскиот весник, Гардијан. Љубопитна сум, дигнете раце, кој се согласува? Па, една или две храбри души. Ова е всушност директен цитат од епидемиолог која работи на полето на ХИВ 15 години, која работела н...
Па, каде се роботите? Цели 40 години ни велат дека набрзо ќе дојдат. Набрзо ќе прават сè наместо нас: ќе готват, чистат, пазаруваат, ќе градат. Но, нив ги нема. Во меѓувреме, целата таа работа ни ја завршуваат илегалните имигранти, ама роботи нема. Па, што може да направиме? Што да кажеме? Сакам да ви дадам малку поин...
Во ред, значи немам поим што ќе свириме. Нема да можам да ви кажам што ќе биде, се додека не се случи. Не знаев дека ќе има малку музика пред да почнам. Мислам дека ќе почнам со ова што го слушнав. Во ред, пред сè, да му посакаме добредојде на Г. Џамар Вилијамс на тапани, Барнис Тревис на бас, и Г. Кристијан Сендс...
Кога бев дете, секогаш сакав да бидам супер херој. Сакав да го спасам светот и потоа сите да бидат среќни. Но знаев дека ќе ми треба супер моќ за да си ги остварам соништата. Често одев на имагинарни патувања за да најдам интергалактички објекти од планетата Криптон, што беше навистина забавно, но немав значителни рез...
Алиса Волкмен: Овде почнува нашата приказна - драматичните моменти при раѓањето на нашиот прв син, Деклан Очигледно многу значаен момент кој ни го смени животот на многу начини. Овој настан имаше и многу неочекувано влијание врз нашиот живот, што не натера да размислиме и доведе до раѓањето на нашата бизнис идеја, па ...
Шах Рук Кан: „Девојка треба да биде видена, а не слушната. "„ Биди тивка," или „ шшш“ Овие зборови се често користени за да се замолчат девојчиња уште од детството, до зрелоста и длабоко до староста. Јас сум горд да ја претставам следната говорничка, вистински шампион на женскиот глас, советник за сиромаштијата, род и...
Ве молам сите да помислите на вашата најголема лична цел. Навистина. Може да трае секунда. Мора да го почуствувате ова за да го научите. За момент помислете на вашата најголема лична цел, важи? Замислете дека одлучувате сега да ја остварите. Замислете дека му кажувате на некој што ќе го сретнете денес што ќе направите...
Како магионичар се обидувам да создадам слики кои луѓето ги стаписуваат и замислуваат. Исто така се предизвикувам себе си да направам работи кои за докторите се невозможни. Бев закопан жив во Њујорк во ковчег, закопан жив во ковчег во Април 1999, цела седмица. Преживеав само со вода. И на крајот испадна толку забавно ...
Јас сум режисер. Во последниве осум години го посветив животот на документирање на работата на Израелците и Палестинците кои се обидуваат да го прекинат конфликтот користејќи мирољубиви средства. Кога патувам службено низ Европа и САД едно прашање секогаш испливува на површината: Kаде е палестинскиот Ганди? Зошто Пале...
Денес ќе ви кажам за две нешта. За подемот на културата на достапноста и за една молба. На глобално ниво, во сите општествени нивоа, со ширењето на мобилните уреди се зголемува и достапноста. Со ширењето на мобилните уреди сѐ повеќе очекуваме и другите да се достапни. Истовремено постои и трет елемент, односно обврска...
Би почнал со следниве неколку кратки примери. Ова се жлезди за лачење нитки од стомакот на еден пајак. Тие испуштаат шест различни видови свила, кои потоа се вплетуваат заедно во влакно пајажина Појака од било кое вештачко влакно. Најблиску до тоа сме стигнале со арамид влакната Но, а нивно производство ни требаат екс...
Ви благодарам. Вистинско задоволство е да се биде овде. Последниот пат кога имав говор на TED мислам дека беше пред седум години отприлика. Зборував за сос за шпагети. Многумина, претпоставувам, ги гледаат овие видеа. Луѓето оттогаш постојано доаѓаат кај мене за да ме прашаат за сосот за шпагети, што е одлично за на к...
Мислите дека е можно да се контролира нечие внимание? Дури и повеќе од тоа, а предвидување на човековото однесување? Би било интересно доколку можете. Мислам, за мене, тоа би било совршената суперсила, всушност злонамерна суперсила. Што се однесува до мене, изминативе 20 години ги поминав проучувајќи го човековото одн...
Да зборуваме за мании. Да започнеме со Битлманијата. Хистерични тинејџери, кои плачат, врискаат - пандемониум. Спортска манија. Заглушувачки толпи. Сите со иста мисла - да се даде гол. Религиозна манија. Воодушевување, плачење, визии. Маниите можат да бидат добри. Можат да бидат вознемирувачки. Или, можат да бидат смр...
Здраво. Сигурен сум додека да ја завршам реченицава, со начинот на кој зборувам, сите ќе имате сфатено дека доаѓам од место наречено планета Земја. Земјата е прилично одлична. Таа е нашиот дом. И на микробите. Тие мали се во позадината за времетраењето, затоа што верувајте или не, не дејствуваат само тие. Планетата...
Крис Андерсон: Шеп, ти благодарам што дојде. Слета буквално пред два часа во Ванкувер. Прекрасно што си тука. Па, кажи ни како стигнавме од формулата на Ајнштајн до црната дупка? Ш.Доелман: Пред повеќе од сто години, Ајнштајн ја создаде геометриската теорија за гравитација која го закривува време-просторот. Материјата...
Мислам дека е исправно ако кажам дека сите луѓе ќе бидат интимни со смртта барем еднаш во животот. Но што ако таа интимност започне долго пред да се соочите со вашиот премин од животот во смртта? Каков би бил животот доколку смртта буквално живее покрај вас? Во земјата на мојот маж, во висорамнините на островот Сулуеи...
Долго време во животот, имав чувство дека водам два различни животи. Постои животот за кој сите знаат, но и животот за кој само јас знам. Во животот за кој сите знаат, јас сум пријател, син, брат, стенд-ап комичар и тинејџер. Тоа е животот за кој сите знаат. Ако побарате од моите пријатели и семејство да ме опишат, то...
Ерез Либерман Ејден: Сите знаат дека една слика вреди илјада зборови. Но, ние од Харвард се прашувавме дали ова навистина е така. Па, составивме тим од експерти од Харвард, МИТ, Американскиот речник на зборови, Енциклопедија Британика, па дури и од нашиот горд спонзор Гугл. Внимателно работевме на ова околу четири го...
Веќе некое време сум заинтересиран за плацебо ефектот, што можеби изгледа како чудно нешто за што би бил заинтересиран еден магионичар, доколку не размислувате за тоа на начинот на којшто размислувам јас што е, "во нешто лажно некој верува доволно за тоа да постане нешто вистинско" Со други зборови, шеќерните таблети ...
Здраво на сите ! Савубона ! Во Јужна Африка, од каде што потекнувам, „савубона“ на Зулу значи „здраво“. Овој збор искажува една прекрасна и моќна намера зашто „савубона“ буквално значи: „Те гледам и гледајќи те, ти давам битие.“ Прекрасно - замислете да ве поздравуваат на тој начин. Но, на што се должи кога се гледаме...
Сакам да ви раскажам приказна за климата и климатските промени, но ова е приказна за луѓето, не за поларните мечки. Ова е нашата куќа во која живеевме во средината на 2000-те години. Работев како главен оператор во Поморската метеоролошка служба. Тоа беше во Вселенскиот центар Стенис, во Мексиканскиот Залив, и живеевм...
Еден начин да ги промениме нашите гени е да создадеме нови, како што Крег Вентер елегантно ни има покажано. Друг начин е да го смениме нашиот животен стил. Тоа што го учиме е колку само моќни и динамични овие промени можат да бидат, така што немора да се чека многу долго за да се видат придобивките. Кога јадете поздра...
Што е биоенергија? Биоенергија не е етанол. Биоенергија не е глобално затоплување. Биоенергија е нешто кое се чини контра интуитивно. Биоенергијата е нафтата. Природниот гас. Јагленот. Како дел од градењето на мостот кон иднината, до точката каде ние всушност ќе можеме да ги видиме океаните на рационален начин, или да...
Јас се плашев од женственоста. Не дека сега не се плашам, но научив да се преправам. Научив да бидам флексибилна. Всушност, развив интересни алатки за справување со овој страв. Дозволете ми да Ви објаснам. Во 50тите и 60тите кога јас растев, малите девојчиња требаше да бидат мили и промислени и убави и нежни и меки. ...
Би сакала, само за момент, да се вратиме заедно во 19-от век, поточно на 24 Јуни, 1833. "Британската Асоцијација за Унапредување на Науката" ја одржува нејзината трета средба во Универзитетот Кембриџ. Ова е првата вечер од средбата на која ќе се случи едно соочување кое засекогаш ќе ја промени науката. Еден постар маж...
Ја слушнав следната интересна приказна за Миуча Прада . Таа е италијанска модна дизајнерка. Таа оди во продавница за стара облека во Париз со пријателка. Пребарува наоколу и наоѓа едно Баленчиага палто. Многу и ’ се допаѓа. Го превртува од сите страни. Ги разгледува рабовите ; разгледува како е сошиено. Пријателката ...
Нешто што се вика "Данско истражување на близнаци" утврди дека само околу 10 % од должината на човечкиот живот во рамките на одредени биолошки граници, се предодредени од нашите гени. Останатите 90 % се предодредени од нашиот начин на живот. Ова е претпоставката на „Blue Zones“ : Ако можеме да ги пронајдеме оптималнит...
Дали знаевте дека секој пат кога музичарите го земаат својот инструмент Во нивниот мозок започнува огномет? Однадвор, тие може да изгледаат смирени и фокусирани, додека ги читаат нотите и изведуваат прецизно извежбани движења кои им се неопходни. Но, во нивните мозоци се случува урнебес. Како го знаеме ова? Па, во пос...
Освен ако не сте поминале повеќе време во Меѓународната вселенска станица ова веројaтно не е глетка која ви е многу позната. Ова е источниот брег на САД. Тоа е Њуjорк долу десно, една светлечка лента сè до Вашингтон. Таквите градови сјаат како скапоцени камења, автопатите се трасирани со мрежи од светлина. Сета таа св...
Јас сум писател. Пишувањето книги е моја професија, но се работи за повеќе од тоа. Тое е воедно и моја голема животна љубов и фасцинација. Не верувам дека тоа некогаш ќе се смени. Но, неодaмна ми се случи нешто прилично невообичаено во мојот живот и кариера што ме натера да го преиспитам мојот однос кон работата. Она ...
До утрото на 27 Февруари, 2020 г. имаше најмалку 82.000 потврдени случаи на корона вирус во светот и 2.810 смртни случаи. ТЕД го покани д-р Дејвид Хејман да ги сподели најновите откритија. Што ќе се случи ако се заразите со корона вирусот? Изгледа како лесно заболување, како обична настинка, кај повеќето луѓе. Одреден...
Крис Андерсон: Елон, кој е тој луд сон што те натера на помислата да се обидеш во автомобилската индустрија и изградиш целосно електричен автомобил? Елон Маск: Па, тоа започна во студентските денови. Размислував, кои проблеми најмногу ќе ја засегнат иднината на светот или иднината на човештвото? Мошне е важно да имаме...
Најголемото цунами, совршената бура натежнува над нас. Оваа совршена бура навестува тмурна реалност која расте а ние се соочуваме со таа реалност со целосна верба дека ќе можеме да си ги решиме проблемите со технологија и тоа е многу разбирливо. Оваа совршена бура со која се соочуваме е резултат на нашата растечка по...
Пред околу 10 години, поминував низ малку тежок период. Затоа одлучив да посетам терапевт. Се гледав со неа неколку месеци, кога таа ме погледна еден ден и ми рече, "Кој всушност се грижеше за тебе до твојата трета година?" Прашањето ми изгледаше чудно. Реков, "Моите родители." И таа рече, "Не мислам дека е така" биде...
Имаме историски записи од кои знаеме како се облекувале древните грци, како живееле, како се бореле... но како размислувале? Постои сфаќање кое вели дека суштината на човечката мисла -- нашата способност да замислуваме, да бидеме свесни, да сонуваме -- отсекогаш била иста. Другото сфаќање е дека социјалните трансформа...
Пред три години, стоев околу 90тина метри од нуклерниот реактор бр.4 на Чернобил. Мојот Гајгеров бројач, кој мери радијација побудалуваше, и колку поблиску бев, толку пофренетичен и избезумен стануваше. Господи... Јас бев таму известувајќи за 25 годишнината од најлошата светска нуклеарна несреќа, и како што можете да ...
Денес сакам да ви зборувам за просперитетот, за нашите надежи за заеднички и траен просперитет. И не само нашиот, туку и оној на две милијарди луѓе низ светот кои сѐ уште се хронично неухранети. А во основата на сево ова лежи надежта. Всушност, латинскиот збор за надеж е вграден во зборот просперитет. "Про-сперас", "с...
Денес ќе зборувам со вас за мојата работа со одложената анимација. Обично кога ќе спомнам одложена анимација, луѓето ќе ми го покажат Вулканскиот знак и ќе се изнасмејат. Но сега, не зборувам за замрзнување на луѓето за да можат да одлетаат до Марс или дури до Пандора, колку интересно и да звучи тоа. Зборувам за конце...
Mе понесува вистинската страст да создадам фотографии кои раскажуваат приказни. Фотографијата може да се опише како запис на еден миг застанат во дел од времето. Секој миг или фотографија прикажува опипливо парче од нашите сеќавања со одминувањето на времето. Но, што ако можете да опфатите повеќе од еден миг во една ф...
Добар ден. Се случува медицинска револуција околу нас, која ќе ни помогне да ги победиме некои од најзастрашувачките состојби на нашето општество, вклучувајќи го и ракот. Револуцијата се вика ангиогенеза, и е базирана на процесот кој нашите тела го користат за да растат нови крвни садови. Зошто би се грижеле околу крв...
Најголемиот дел од минатата година го поминав работејќи на еден документарец за мојата лична среќа -- обидувајќи се да видам дали всушност би можел да го тренирам мојот ум на одреден начин, како што можам да го тренирам телото, и така да добијам подобрено чувство за севкупната благосостојба. Тогаш овој Јануари, почина...
Кога првпат учев да медитирам, ми беше дадена инструкција едноставно да го набљудувам дишењето, а кога ќе залутам со умот, пак да се вратам на дишењето. Звучеше едноставно. Но кога ќе отидев да медитирам, се потев во маица, иако беше зима. Секогаш кога ќе ми се укажеше прилика гледав да дремнам бидејќи беше многу тешк...
Ве молам затворете ги очите и отворете ги дланките. Сега замислете што можете да сместите во вашите дланки: јаболко, можеби вашиот паричник. Отворете ги очите. Што ако можете да сместите живот? Ова што го гледате е недоносено бебе. Иако изгледа дека мирно одмара, тој всушност се бори за својот живот затоа што не може ...
Денес би сакала да зборувам за една орка наречена Тахлека Меѓу научниците Тахлека е исто така позната и како Ј35 затоа што плива заедно со Ј-групата орки во Салишкото море Ова се водени патишта кај Британската Колумбија и Вашингтон Минатата година, во Јули 2018 таа беше при крај на нејзината седумнаесет месечна бремен...
Би сакала да споделам со вас едно откритие кое што го открив пред неколку месеци додека пишував колумна за италијанското издание на списанието Wired. Секогаш го имам мојот речник од синоними при рака кога пишувам нешто, но веќе бев завршила со пишувањето на мојата колумна, кога сватив дека никогаш во мојот живот не су...
Што наведува некого да изврши ладнокрвно убиство? Што му минува низ глава на убиецот? И од какво општество излегуваат овие луѓе? Пред повеќе од 150 години Фјодор Михајлович Достоевски се занимавал со овие прашања во едно од најпознатите дела на руската книжевност „Злосторство и казна“. Првпат објавен во продолженија в...
Мислам дека ќе почнам со збор два за тоа што точно е аутизам. Аутизам е голем дијазапон што оди од многу тешки случаи, кога детето не зборува, па сѐ до брилијатни научници и инжињери. И всушност тука се чувствувам како дома. Бидејќи тука има многу аутистичка генетика. Се надевам дека немате... Тоа е континиум од кара...
Сега, ако претседателот Обама ме покани да бидам следниот Цар по Математика, тогаш би имал предлог до него кој мислам дека многу би ја подобрил математичката едукација во оваа земја. И ќе биде едноставен да се имплементира и ефтин. Математиката која ја учиме е базирана на аритметика и алгебра. Се што учиме после тоа е...
Јас сум производ на одлуката на еден храбар водач. После 1956-та кога Тунис стана независна држава нашиот прв претседател, Хабиб Бургиба, одлучи да инвестира 20 % од националниот буџет на земјата во образование. Да, 20 проценти, максимумот дури и според денешните стандарди. Некои протестираа. Зошто не за инфраструктур...
Сакам да започнам со тоа што ќе ви понудам бесплатна животна вештина, и сè што се бара од вас е ова: да го промените вашиот став само за две минути. Но, пред да ви ја кажам, сакам да ве замолам токму сега да го проверите вашето тело и да видите што правите со него. Колкумина од вас правите да изгледате некако помали? ...
Ова е местото каде живеам. Живеам во Кенија, во јужните делови на „ Националниот Парк Најроби. "Во позадина ги гледате кравите на татко ми, а позади кравите, тоа е „ Националниот Парк Најроби." „ Националниот Парк Најроби "на југот воглавно не е ограден, што им овозможува на дивите животни како зебрите слободно да миг...
И покрај сите легитимни грижи околу СИДА-та и птичјиот грип -- а ќе чуеме за нив од брилијантниот Др. Брилијант подоцна денес -- јас сакам да зборувам околу другата пандемија, кардио-васкуларните болести, дијабетесот, високиот притисок -- сите од нив можат да се спречат за најмалку 95 % од луѓето, само со менување на ...
Кога размислувам за соништата, како многумина од вас, мислам за оваа слика. Имав 8 години кога го гледав Нил Армстронг како излегува од Лунарниот модул и стапнува на Месечината. Никогаш немав видено такво нешто претходно, и никогаш немам видено нешто слично оттогаш. Отидовме на Месечината од една причина: Џон Кенеди н...
Знаете, омилениот дел од татковската улога ми е гледањето филмови. Обожавам да ги споделувам моите омилени филмови со децата и затоа кога ќерка ми имаше четири години, заедно го гледавме „Волшебникот од Оз. "Тој со месеци целосно доминираше во нејзината фантазија. Нејзиниот омилен лик беше, секако, Глинда. Тоа и беше ...
Голема чест ми е да ја споделам со вас Дигиталната вселена, која е создадена за човештвото за да видиме каде навистина се наоѓаме во вселената. Мислам дека може да го пуштиме филмот кој го имаме. [ Хималаи ] Картер Емерт: Рамниот хоризонт со кој израснавме беше метафора за бесконечност, неограничени ресурси и неогран...
Моите студенти често ме прашуваат што е социологијата, а јас им кажувам „Тоа е наука за начинот на кој човечките суштества се обликувани од страна на нештата кои не ги гледаат“. Потоа велат „Како можам да станам социолог?, Како да ги разберам тие невидливи сили?“. И јас им кажувам „Со емпатија“. Започнете со емпатија....
Пораснав гледајќи ги „Ѕвездени патеки. "Ги обожувам „ Ѕвездени патеки“. Заради „Ѕвездени патеки“ посакав да видам вонземски суштества, суштества од некој далечен свет. Но, во суштина, сфатив дека тие вонземски суштества можам да ги најдам токму на Земјата. Јас се занимавам со проучување на инсекти. Опседнат сум со инс...
Дами и господа, на TED често зборуваме за лидерството и за тоа како да се создаде движење. Да видиме како настанува едно движење, од почеток до крај, во помалку од 3 минути и да извлечеме неколку лекции од тоа. Прво, се разбира знаете, на лидерот му треба храброст да стане и да биде исмеван. Но, тоа што тој го прави л...
Крис Андерсон: Џулиан, добредојде. Слушаме дека WikiLeaks, твоето бебе,... во последните неколку години има издадено вкупно повеќе доверливи документи од сите медиуми во светот заедно. Дали е можно ова да е вистина? Џулијан Асанж: Да, дали може да е вистина? Нели е загрижувачки што остатокот од светските медиуми толку...
Давид Биело: Па, Виктор, со што се занимаваш во последно време? Виктор Весково: Тоа е дното на Атлантскиот Океан, и изгледа како дете премногу сум го читал Жил Верн, па последниве 4 години предводев тим кој ја конструираше најнапредната нуркачка направа на светот, и умеам лично да управувам со неа. Ова беше декември м...
Сите сме атомски поврзани. Фундаментално, универзално. Но што значи тоа? Јас сум астрофизичар, и како таков моја одговорност е да ја следам космичката историја на секој поединечен ваш атом. Всушност, би рекол дека едно од најголемите постигнувања на модерната астрономија е согледувањето како всушност нашите атоми биле...
Сите кои денес сме во оваа просторија, да признаеме дека имаме среќа. Ние не живееме во свет во каков што живееле нашите мајки, во каков што живееле нашите баби, каде што изборот на кариера за жените бил многу ограничен. Ако сте во оваа просторија денес, повеќето од нас пораснавме во свет во кој имаме основни човечки ...
Би сакала да ви раскажам приказна за смртта и архитектурата. Пред сто години умиравме од зарази како пневмонија, кои, ако нѐ фатеа, брзо ќе нѐ однесеа. Умиравме дома, во нашите постели под грижа на семејството, иако тоа беше единствената опција зашто многу луѓе немаа пристап до медицинска нега. Потоа, во ХХ-от век мно...
Ќе одиме на брзо патување низ когнитивната историја на 20от век, оти во текот на тој век, нашите умови се променија драматично. Како што сите знаете, автомобилите кои луѓето ги возеле во 1900та се променија бидејќи патиштата се подобри, но и заради технологијата. Исто така, и нашите умови се променија. Во почетокот бе...
Ви благодарам за можноста да зборувам за најголемата меѓународна приказна во вашиот професионален живот која исто така е и најважниот меѓународен предизвик со кој светот ќе се соочи во догледно време. Приказната е за подемот на Кина. Никогаш порано еден толку броен народ не се има издигнато толку брзо и во толку разли...
Уште од почеток сакам да разјасниме дека не сите неврохирурзи носат каубојски чизми. Сакав само да го знаете тоа. Навистина сум неврохирург, следбеник сум на една долга традиција во неврохирургијата, а денес ќе ви зборувам за подесување на потенциометрите во мозочните кола т.е. можноста да влеземе било каде во мозокот...
Дали некогаш ве прашал вашиот пријател од Кина, "Кој е вашиот хороскопски знак?" Немојте да мислите дека пробуваат само да разговараат. Ако речете, "Јас сум Мајмун," веднаш знаат вие имате 24,36,48 или 60 год. Прашањето на хороскопскиот знак е културен начин за да се праша за вашата возраст. Со откривањето на вашиот ...
Кога посетувам училишта и зборувам со учениците, секогаш го поставувам истото прашање: Зошто гуглате? Зошто токму Гугл го користите како пребарувач? За чудо, секогаш добивам три исти одговори. Прво, „Бидејќи функционира.“ што е одличен одговор, затоа и јас гуглам. Второ, некој ќе рече: „Не знам за други алтернативи“, ...
Дозволете ми денес да споделам со вас едно оригинално откритие Сакам да ви раскажам како навистина се случи тоа а не она што го презентирам на научните состаноци, или она што би го прочитале во научен труд. Тоа е приказна вон биониката, за нешто што јас го нарекувам биомутyлизам. Јас го дефинирам тоа како здружување м...
Се викам Сет Прибач. Јас сум главната нинџа на SCVNGR. Со гордост го напуштив Принстон колеџот. Исто така, со гордост се преселив овде во Бостон, каде всушност и пораснав. Да, Бостон. Лесно ве привлеков. Треба всушност да одам и да ги именувам областите кои ги имаме овде. Така, прилично сум решен да се обидам и изград...
Кренете рака сите што знаете барем еден човек од овие на екранот. Тоа се речиси сите. Навистина, тие се доста познати во нивните области. Но, знаете ли што имаат сите од нив заедничко? Сите починале од рак на панкреасот. Како и да е, иако овие вести се навистина тажни благодарение на нивните лични приказни знаеме колк...
Во јули 1911год., 35 годишниот професор на Јеил тргна од кампот во џунглата со неговиот тим. По искачувањето на стрмен рид и по бришењето на потта од веѓите, тој опиша што гледа под него. Го здогледал под густата вегетација на џунглата овој прекрасен лавиринт на структури изградени од гранит, прекрасно составени Тоа ш...
Хелен Волтерс: Хуанг, мило ми е што се гледаме. Благодарам што дојдовте. Како е 2020-те за вас? Хуанг Хунг: За мене 2020 започна многу нормално. Во јануари отидов во Париз, имав интервју за неделата на модата, се вратив во Пекинг на 22 јануари и наидов на прилично тензични работи бидејќи имаше многу гласини. Бев сведо...
Пред околу 10 години, се нафатив да предавам глобален развој на студенти во Шведска. Тоа се случи откако поминав околу 20 години истражувајќи го проблемот со гладот во Африка во соработка со некои африкански институции, па од мене се очекуваше да разбирам по нешто од светот. И така, почнав со предавање на предметот „Г...
Запрепастен сум од тоа како една од имплицитните теми на TED е сочувствувањето, овие навистина потресни слики кои ги видовме: СИДА во Африка, претседателот Клинтон минатата ноќ. И би сакал да додадам малку колатерално размислување, за сочувствувањето и да го доближам од глобално до ниво на личноста. Јас сум психолог, ...
Ваквите слики, од концентрациониот логор Аушвиц, се врежаа во нашата свест во текот на 20от век и ни дадоа нов увид во тоа кои сме, од каде сме дојдени и во какви времиња живееме. Во текот на 20от век, бевме сведоци на ѕверствата на Сталин, Хитлер, Мао, Пол Пот, Руанда и други геноциди, и иако 21от век наполни само се...
Дами и господа, соберете се наоколу. Би сакал да ви раскажам една приказна. Еднаш одамна во 19-тиот век во Германија, имаше една книга. Во тоа време, книгата беше кралица на раскажувањето. Беше одважна. Беше сеприсутна. Но беше малку здодевна. Бидејќи во нејзиното 400 годишно постоење, раскажувачите никогаш не ја унап...
Како тоа, како можеме да ја истражуваме флората на вирусите кои не опкружуваат и да и помогнеме на медицината? Како можеме да го претвориме нашето кумулативно знаење од вирусологијата во едноставна, прирачна, единствена дијагностичка алатка? Сакам да претворам се што знаеме во моментов за откривање вируси и спектарот ...
Ако некогаш имам ќерка, наместо „мама“, ќе ме вика „Точка Б“, затоа што на тој начин ќе знае дека без разлика што и да се случи, барем секогаш ќе може да дојде до мене. И ќе ѝ го насликам сончевиот систем на задната страна од рачињата, за да може да го научи целиот универзум пред и да може да каже: „Ох, го знам тоа ка...
Вклучен сум и во други работи освен физика. Всушност, сега и повеќе во други работи. Една од нив е далечната врска меѓу човечките јазици. Професионалните, историски лингвисти во САД и во Западна Европа најчесто се трудат да останат подалеку од било какви врски на далечина ; големи групирања, групирања кои постојат дол...
Знаете, не ми беше отсекогаш музиката средство за егзистенција. Пет години откако дипломирав на еден извонреден универзитет за општествени науки, еве ова беше мојата дневна работа. Бев самовработена жива статуа наречена џиновската Невеста и затоа обожувам кога им кажувам на луѓето дека ова ми беше работа, бидејќи сит...
Како актер, добивам сценарија и мојата работа е да се придржувам до сценариото, да ги кажувам моите реплики и да вдахнам живот во ликовите кој некој ги создал. Во текот на мојата кариера, имав голема чест да одиграм некои од најзначајните машки улоги досега прикажани на ТВ. Може да ме препознаете како „Машки придружни...
Секоја втора од вас жените е под закана на кардиоваскуларна болест во текот на животот. Значи, ова е водечкиот „убиец“ на жени. Внимателно чувана тајна, а зошто, не знам. Освен што ќе го сведам ова на лично ниво -- значи ќе зборуваме за вашата врска со срцето и врската на сите жени со своите срца -- ќе навлеземе и во ...
Сакам да ви раскажам за татко ми. Татко ми има Алцхајмерова болест. Почна да покажува симптоми пред околу 12 години, а официјално дијагноза му беше поставена во 2005. Сега е прилично болен. Му треба помош при јадење, му треба помош за да се облече, не знае каде е или кога е, и ова е многу, многу тешко. Татко ми беше м...
Крис Андерсон: Џон, ова изгледа страшно. Џонатан Хеит: Да. К.А: Изгледа како светот да е на место кое не сме го виделе долго време. Луѓето не само што не се согласуваат на начин кој ни е познат во однос на поделбата леви и десни. Се јавуваат многу поголеми разлики. Што се случува и како дојдовме до тоа? Џ.Х: Ова е раз...
Роден сум во Ден Бош, место според кое сликарот Хиеронимус Бош се нарекол себеси. Од секогаш бев позитивно наклонет кон овој сликар кој живеел и работел во 15-от век. Она што е интересно за него во однос на моралот е дека тој живеел во време кога влијанието на религијата исчезнувало, а тој пак се прашувал, мислам, што...
Ова е скорашен стрип од Лос Анџелес Тајмс. Поентата? „Од дргута страна, не мора да станувам во четири наутро секој ден за да го молзам мојот лабрадор.“ Ова е скорашна насловна на магазинот Њу Јорк. Најдобрите болници каде докторите велат дека ќе одат за лекување за рак, пораѓање, удари, срцеви болести, замена на колк,...
Изгледа дека нѐ мерат скоро цел наш живот, кога сме новороденчиња, со нашата висина и тежина, и како што растевме тоа стана нашата брзина и сила. Дури и во училиште има тестови и денес со нашите плати и перформансот на работа. Се чини дека тие лични просеци скоро секогаш се користат да се измери каде сме во споредба с...
Ви благодарам. Се чувствувам како оваа цела вечер да е многу фасцинантна за мене. Ја чувствувам како Вималакирти Сутра, древен текст од древна Индија, во кој Буда се појавува на почетокот и голема група на луѓе, од најблискиот град Ваисали, доаѓа да го види и да му донесе драгоцени подароци. Всушност, доаѓаат само мла...
Денеска имам само едно барање. Ве молам, не ми кажувајте дека сум нормална. Сега сакам да ви ги претставам моите браќа. Реми е 22 години, висок и многу згоден. Тој е нем, но радоста ви ја пренесува на начин што и најдобрите оратори би му завиделе. Реми знае што е љубов. Тој ја споделува безусловно, и им ја дарува на с...
Здраво ! Се викам Марва, архитект сум. Родена сум и пораснав во Хомс, град во средно-западниот дел на Сирија и отсекогаш тука живеам. По 6 години војна, Хомс денес е пола уништен град. Моето семејство и јас имавме среќа- нашиот дом сеуште стои. Иако веќе 2 години сме како затвореници дома. Надвор имаше демонстрации и ...
Може да ве замолам да се сетите на случка кога навистина нешто многу ви се допаднало - филм, албум, песна или книга - и од срце сте го препорачале на некој, многу близок, и ја очекувате реакцијата, чекате, чекате и на крај ви велат дека воопшто не им се допаѓа? Само како вовед, тоа е истата состојба во која го поминав...
Јас сум Американец, што значи, во општ случај, го игнорирам зборот „фудбал“ доколку не вклучува момци колку мене или Бруно кои се залетуваат едни во други со страшно големи брзини. Земајќи го тоа предвид, сепак беше многу тешко да се игнорира фудбалот во текот на последниве неколку недели. Одам на Твитер и таму ги гле...